Погони за производство на стиропор и на елементи од ПВЦ, логистички центар за процесирање производи, центар за чување благородни материјали и складиште. Тоа се новите објекти што ќе се градат во индустриската зона Петровец кај Скопје. Инвеститорите кои обезбедија локации за изградба на објектите вчера ги добија дозволите за градење од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски. Со ова се потврдуваат позитивните политики кои се спроведуваат со цел привлекување нови инвестиции. Тој потсети дека процедурите за добивање одобрение за градење се драстично олеснети и од почетокот на месецов се издаваат електронски. На овој начин се овозможува дополнително промовирање на бизнис-секторот и привлекување инвестиции кои водат кон нови работни мести.
Погони за производство на стиропор и на елементи од ПВЦ, логистички центар за процесирање производи, центар за чување благородни материјали и складиште.
Тоа се новите објекти што ќе се градат во индустриската зона Петровец кај Скопје. Инвеститорите кои обезбедија локации за изградба на објектите вчера ги добија дозволите за градење од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.
„Со ова се потврдуваат позитивните политики кои се спроведуваат со цел привлекување нови инвестиции“, изјави Јанакиески.
Тој потсети дека процедурите за добивање одобрение за градење се драстично олеснети и од почетокот на месецов се издаваат електронски.
На овој начин се овозможува дополнително промовирање на бизнис-секторот и привлекување инвестиции кои водат кон нови работни мести.
На доделувањето на дозволите во Општина Петровец присуствуваа претставници на уште неколку компании за кои тече постапката на издавање одобренија за градба, а кои во тој индустриски комплекс ќе градат објекти за лесна и незагадувачка индустрија, бензински пумпи, како и други деловно- комерцијални објекти.